Деветмесечното бебе повредено во напад со нож во Сиднеј излезе од болница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Деветмесечното бебе повредено во напад со нож во трговскиот центар Westfield Bondi Junction во Сиднеј е пуштено од болница.

Деветмесечната ќерка на Ешли Гуд, која почина заштитувајќи ја, ќе продолжи да добива клиничка нега, изјави здравствениот претставник, пренесе Би-би-си. Девојчето било оперирана во детската болница во Сиднеј, откако се здобила со повреди на градниот кош и на рацете.

Шест лица, од кои пет жени, беа убиени во напад со нож во трговскиот центар Westfield Bondi Junction на 13 април.

На Џоел Каучи (40), кој го изврши нападот и беше убиен од полицијата, првпат му беше дијагностицирана ментална болест на 17-годишна возраст, соопшти полицијата во Квинсленд.

По нападот, деветмесечното девојче заедно со уште неколку лица било во болница, а во вторникот од одделението за интензивна нега било префрлено на редовното одделение.

Здравствените власти за австралиските медиуми изјавија дека нејзината состојба значително се подобрила.

Кампањата GoFundMe, формирана во името на Ешли Гуд, собра речиси 670.000 австралиски долари (403.000 евра) за нејзината ќерка.

Илјадници луѓе се очекува да присуствуваат на бдеењето со свеќи за жртвите од нападот подоцна денеска.