Грците сакаат Србин за селекторското место на фудбалската репрезентација

По елиминацијата во баражот за Европското првенство, Фудбалската федерација на Грција е подготвена да се сврти кон други опции за селекторската позиција. Грците беа поразени од Грузија на пенали во Тбилиси (4-2) по ремито без голови во регуларниот дел од натпреварот и продолженијата.

Амбициите на Грците беа поголеми, па оттука и позицијата на селекторот Густаво Појет сега е загрозена поради неуспехот. Грчките медиуми јавуваат дека српскиот стратег Иван Јовановиќ е првата опција за наследник на Појет доколку биде разрешен од должноста, иако, пишуваат понатаму, евентуалната смена нема да се случи пред јуни.

Уругваецот навистина воспостави добар однос со играчите, тие самите го потенцираат тоа, но резултатите зборуваат во прилог на тоа дека на тимот му е потребна промена на кормилото.

Се вчитува...