Поврзете се со нас

НБА

Леброн се огласи за неговата иднина: Слушнав многу приказни…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Леброн Џејмс иако даде од се од себе не успеа да му помогне на Лос Анџелес Лејкерс да се справи со Денвер Нагетс во првата рунда на плејофот во западната конференција.

„Езерџиите“ беа максимално конкуренти, водеа во најголемиот дел од натпреварите, меѓутоа на крајот со пораз од 4-1 ја завршија оваа серија и со тоа настапот во актуелнава сезона во која како резултат ќе го паметат освоениот НБА Куп, воведеното ново натпреварувања.

Многу прашалници има околу овој состав на Лејкерс, а меѓу нив е и иднината на Џејмс за тоа дали воопшто ќе остане и дали ќе продолжи да игра со оглед на тоа што во декември ќе го прослави 40. роденден.

Самиот Леброн не беше конкретен и со своето однесување, изјава отвори дилеми дали најави крај на кариерата, па „кралот“ ги искористи социјалните мрежи за да се огласи и испрати порака на темата.

-Видов и слушнав приказни за мојата иднина. Тоа го кажав синоќа и сега ќе повторам… Уште не знам што ќе се случи, во моментов размислувам за времето кое сакам да го поминам со моето семејство и пријателите. По разговорот со моето семејство, советниците и претставниците, ќе дознаете и вие. До тогаш тишина. Ве сака кралот, -порача Леброн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни