Спартак тактизираше пред дуелот со МЗТ: Ова е срамота за српската кошарка

Челниците и стручниот штаб на Спартак Суботица го навлекоа бесот на српската кошаркарска јавност поради одлуката на денешниот меч од Лигата на Србија против Борац Чачак да настапат со речиси младински состав.

За трагедијата да биде уште поголема, на сличен чекор се решија и домаќините од Чачак, па дуелот од елитното друштво повеќе наликува на младинска кошарка откако на врвен меч од највисокиот ранг на натпреварување.

Во тимот на Спартак не се појавија Немања Гордиќ, Филип Барна, Војин Медаревиќ, потоа и Мозли, Лазиќ, Церовина, Тејиќ и Радосављевиќ, кои беа чувани за претстојниот двомеч од полуфиналето на АБА2 лигата против МЗТ Скопје (српскиот тим гостува во „Јане Сандански“ веќе в среда).

Сепак, тоа не е доволна причина за јавноста да го оправда минимизирањето на важноста на српската Супер-лига.

„Спартак за пет дена го игра полуфиналето од АБА2 лигата, па веројатно тоа е причината да не дојде до повреда на некој од поважните кошаркари. Секако, тоа не е оправдување, туку удар на српската кошарка и дискредитација на Супер-лигата на Србија“, се вели во една од бројните критики кон тимот од Суботица за ваквиот пристап на денешниот меч во Чачак.

Се вчитува...