Пет лица загинаа откако се затруле со гас во Италија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пет работници загинаа во страшна несреќа во пречистителна станица за отпадни води во близина на Палермо во јужниот дел на Италија. Еден работник е пронајден во бесзознание, и пренесен во болница.

Оваа несреќа е последна во низата на работно место ширум Италија, кои предизвикаа без меѓу работниците и синдикатите.

Работниците биле без свест, но и без маски, што кај многумина предизвика загриженост околу сигурносните пртоколи во Кастелдачија. Се отруло со отровен гас, а еден од членовите на тимот за влакно избегнал смрт, избегнувајќи ја смротоносната пареа и дигнал узбуна.

„Ги слушнав како врескаат, но не можев да сторам ништо. За некое чудо сум жив“, изјави работникот Џовани Д’Алео.

Лицата работеле во подземен резервоар од пет метри квадратни до кој може да се пристапи од отвор од улица. Концентрацијата на отровен гас во моментов бил 10 пати поголем од границата. Кога пожарнираките пристигнале на местото, биле седум работници. Ги извлекле телата на петмината загинати, и спасиле уште еден, но и тој се бори за живот. Седмиот човек е неповреден.