Тешко повредена е велосипедистка, во која вчера удри возило кај Старата скопска железничка.

Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонија“ и бул.„Св.Кирил и Методиј“ патничко возило „тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(51) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Х.П.(33) од Свети Николе, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.