Книга: „Чиста анархија“ – за човековата егзистенција

21

Збирката „Чиста анархија“ на Вуди Ален содржи осумнаесет кратки раскази и есеи, кои се пишувани помеѓу 2000 и 2007 година и од кои десет се претходно објавени во различни списанија, а осум се појавуваат за првпат.

И критиката и читателите се согласуваат дека Ален успеал да напише книга која, не само што ги одговара најдлабоките прашања на човековата егзистенција, туку и по димензии е совршена за да се стави под која било пократка ногалка од маса или стол за да го спречи непријатното нишање.

„Расказите на Вуди Ален се интересни веќе педесет години. Како и неговите филмови, тие опфаќаат многу различни теми и мотиви, но го задржуваат аголот на гледање на реалноста и специфичниот литературен стил, не попуштајќи пред светот што постојано се менува”, пишува „The New York Times“.

Книгата на Вуди Ален се појавува по 25-годишна пауза, но ги содржи истите состојки како и неговите претходни дела, кои веќе стекнаа статус на класици.