Маск: На човештвото ќе му требаат милион години за да го колонизира Млечниот Пат

243
EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови Спејс Икс (Space X) Илон Маск сугерираше дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат.

Тој на конференцијата на Институтот Милкен во Калифорнија, што се одржува од 5 до 8 мај, рече дека вештачката интелигенција (АИ) може да се користи за напредок на целата цивилизација и повика вештачката интелигенција да се насочи кон истражување на вселената.

Маск додаде дека размислувањата за колонизација на галаксијата го наведуваат да размислува за постоењето на вонземјани. Во разговор со основачот на Институтот, Мајкл Милкен, тој истакна дека е загрижен од заканите за исчезнување на човештвото и како еден од главните ризици го спомена падот на наталитетот.

Кога цивилизацијата нема надворешна закана и напредува, наталитетот нагло опаѓа“, вели бизнисменот, пренесува Танјуг.