Поврзете се со нас

Италија

Сасуоло најави фудбалски спектакл со неверојатна тимска акција, Милан возврати во трилерот со шест гола (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Сасуоло и Милан се погрижија за фудаблски спектакл на „Мапеи“ стадионот, а иако домашниот во два наврати имаше предност од два гола, на крајот мораше да се задоволи со реми.

Избраниците на Балардини отворија на најдобар можен начин и понудија брилијатнта тимска акција при погодокот за 1:0, но набрзо по голот на Пинамонти, во листата на стрелците се запиша и Лориенте.

Ова се случи во воведните 10 минути и таквиот старт донесе приличен шок кај гостинските фудбалери, кои сепак успеаја да се консолидираат и да се вратат со фантастичен гол на Леао.

Португалецот измеша двајца противници и прецизно биеше за 2:1 во 20-та минута, а Милан до крајот на првиот дел не ја искористи иницијативата за да израмни уште во првата фаза од мечот.

Тоа донесе казна на спротивната страна и Сасуоло повторно имаше два гола предност по погодокот на Лориенте во 53-та минута, но и тука Милан не застана и даде се од себе за да избегне пораз. Јовиќ намали на 3:2 по додавањето од Леао, а трилерот на „Мапеи“ заврши со гол на Окафор за 3:3 во 84-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни