Математичко-информатичката гимназија во Скопје отвори конкурс за упис на нови ученици

Државното средно училиште „Математичко – информатичка гимназија“ (МИГ) Скопје распишува конкурс за упис на ученици во прва година за учебната 2024/25 година. Конкурсот е отворен до 31.5.2024.

Заинтерсираните учениците можат да се пријават преку праќање писмо на интерес (со податоци за ученикот и родителот/старателот: име и презиме, училиште и општина каде ќе заврши основно образование, телефонски број од ученикот, телефонски број и електронска адреса од родителот/старателот.

Писмото може да се достави на адресата на училиштето (Бул. „Партизански одреди“, бр 91, Скопје како и на електронската адреса (matematicka.gimnazija@schools.mk)

МИГ е гимназија специјализирана за талентирани ученици по математика, физика и информатика од територијата на цела држава. Во МИГ се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно образование, се стекнале со општ успех со најмалку 4,5 од шесто
до деветто одделение во основното образование и со оцена 5 по наставните предмети математика и физика.

За учениците кои ќе се пријават и кои ги исполнуваат условите за упис, приемните испити се закажани на 7 јуни 2024 (математика) и 11 јуни 2024 (физика).

Повеќе инфомрации за уписот и за училиштето можете да се најдат на веб-страницата на училиштето.