Ројс може да ја продолжи кариерата во МЛС или Турција

Марко Ројс може да ја продолжи кариерата во МЛС или Турција.

Понудите почнаа да доаѓаат неколку часа откако официјално беше објавено дека 34-годишниот играч од средниот ред заминува од Борусија Дортмунд како слободен играч на лето.

Последните 12 години фудбалерот ги помина со „жолто-црните“.
 
Сепак, играчот од средниот ред нема намера да ја заврши кариерата како играч и сака да одигра барем уште една сезона на највисоко ниво.

Според упатените, преселба во друг бундеслигашки клуб речиси и не доаѓа предвид. д