Италија
Чалханоглу ги дочека своите моменти на слава и им се одмазди на тифозите на Милан (Фото)
Интер вчера ја прокнижи очекуваната титула во Серија А и математички ја осигура со дерби победа над Милан, триумф кој донесе двојна радост за играчите на Инѕаги, но и за сите фанови обоени во сино-црно.
„Нераѕурите“ издоминираа во домашното првенство и претрпеа само еден пораз од стартот на сезоната, па сосема заслужено ја освоија титулата на пет кола пред крајот.
Интер ја придодаде втората ѕвездичка над своето лого како илустрација за 20-та титула во Калчото, а меѓу оние кои беа најсреќни за овој успех дефинитивно е Хакан Чалханоглу.
Турчинот беше предмет на големи исмевање и трпеше жестоки навреди од фановите на Милан во измиантите три години, пред се поради тоа што направи директен трансфер од едниот во другиот градски ривал.
Чаханоглу беше нарекуван „кловн“ и „предавник“ од страна на тифозите на Милан и посебно беше исмеван за време на шампионското славје на „росонерите“ пред две години, па сега Хакан дочека шанса да им одговори на сите.
– Секогаш смирен, секогаш трпелив, секогаш фокусиран, а отсега и награден, – порача Чалханоглу.
-
НБАпред 21 час
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ
-
Светпред 17 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Германијапред 20 часа
Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…
-
Италијапред 18 часа
Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова
-
Англијапред 23 часа
Покетино испрати загрижувачка порака за својата иднина по победата над Тотенхем
-
Светпред 21 час
Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами