Винисиус со солзи пред мечот со Шпанија, а на теренот повторно предизвикуваше скандали (ВИДЕО)

Бразилскиот интернационалец Винисиус очигледно не може да помине без скандалозно однесување. Вчера на „Сантијаго Бернабе“ немаше расизам, со оглед дека играше на „неговиот“ стадион, но повторно Бразилецот се најде во центарот на вниманието.

Тој пред мечот на прес-конференција се расплаче кога го праша за расизмот, и кажа само дека сака да игра фудбал. Меѓутоа на теренот сосема друга слика. Крилниот фудбалер најпрво го провоцираше Амедик Лапорт, а потоа се прсметуваше и со Алваро Мората по завршувањето на мечот. Во еден миг остро стартуваше и над играчот на Шпанија, Ламин Јамал.

Се вчитува...