МЗТ чекори кон финале, втора победа над ТФТ

Кошаркарите на МЗТ чекорат кон ново финале во плеј-оф лигата на Македонија, откако денеска на свој терен го совлааа ТФТ со 91-67, и така поведоа со 2-0 во серијата подобар од три. На „металците“ сега им треба уште еден триумф, за и дефинитивно да го потврдат пласманот во финалето, и да го бранат трофејот.

Уште после првата четвртина се виде како ќе се одвива натпреварот. После паузата од првиот период, МЗТ замина со предност од +14, а на полувреме имаше и +19. Мал пад на МЗТ во третиот период кој го доби ТФТ со 26-20, но и натаму гостинот беше далеку од сензација. Тимот од Аеродром додаде гас во последниот период, во еден миг имаа и предност од +29 разлика, со што финишот на средбата беше далеку од неизвесен.

Делалиќ кај МЗТ беше најефикасне со 20 поени, додека Верц кај ТФТ постигна 16.

Се вчитува...