САД предупредија дека кинеското разузнавање користи измамнички методи за регрутирање сегашни и поранешни функционери на американската влада.
Предупредувањето од Националниот центар за контраразузнавање и безбедност (НЦЦС) доаѓа во време на масовни отпуштања во федералната администрација, што ги спроведува Одделот за ефикасност на владата, на чело со Илон Маск.
– Странските разузнавачки субјекти, особено оние во Кина, ги таргетираат сегашните и поранешните вработени во американската влада за регрутирање, претставувајќи се како консултантски фирми, корпоративни работодавци, тинк-тенкови и други ентитети на социјалните и професионалните веб-страници, се вели во билтенот на центарот.
NCSC and its partners at @FBI and @DCSAgov are issuing guidance to current and former U.S. government employees reminding them about deceptive online targeting and recruitment activities by foreign intelligence entities, particularly those in China. See the full product,… pic.twitter.com/wKibAWz3Bt
— NCSC (@NCSCgov) April 8, 2025
Според НЦЦС, лажните онлајн понуди за работа и други пристапи станале пософистицирани во таргетирањето на поединци со искуство во американската влада кои бараат нова работа. Институцијата ги предупреди сегашните и поранешните федерални вработени за ваквите пристапи.
Центарот додаде дека од оние кои имаат дозвола за пристап до класифицирани информации се бара да ги заштитат доверливите податоци и откако ќе си заминат од федералната служба.
Кинеската амбасада во Вашингтон не одговорила на барањето за коментар за тврдењата.