Историски пораз на СДСМ – оставки на повеќе функционери

Историски пораз на СДСМ – оставки на повеќе функционери

Освоените 154 илјади гласови се убедливо најслаб резултат за СДСМ на 11 парламентарни избори од независноста до сега, што е и неспоредливо со најдобриот резултат на партијата од 2002 година кога СДСМ ја доби довербата од  497.342 гласачи  (телоп за илустрација)

Додека Ковачевски зборуваше дека било прерано да се посочи виновник, дел од раководството веќе се повлекува. Прв по дебаклот  „повлече нога“  потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи кој побара целото раководство да го стори истото , а неколку часа подоцна од функцијата се повлече

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“, наведува Битиќи во објавата на Фејсбук.

Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас, напиша Костадинов

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска соопшти дека се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ, за во партијата да настапеле нови лица кои имаат чист образ

Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери, напиша Тренчевска.

Лидерот на СДСМ најави дека ќе следува отчетен партиски конгрес на кој ќе се донесат следните чекори на партијата .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )