18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКаде и колку време можат да се чуваат велигденските јајца

Каде и колку време можат да се чуваат велигденските јајца

Многу луѓе сметаат дека велигденските јајца се повкусни од обичните. Имаат посебен вкус и мирис, а децата, но и возрасните знаат да изедат по десетина од нив дневно.

Секако, не треба да претерувате. Оние кои имаат здравствени проблеми, како висок холестерол или друга хронична болест, треба да избегнуваат жолчки од јајце.

Кога станува збор за чување јајца, повеќето ги чуваат во плетени и украсени корпи за време на Велигден. Според експертите, најдобро е тврдо варените јајца да се чуваат во фрижидер, а не во корпа на масата. Сепак, навиката е чудо. Доколку веќе ги чувате на маса, погрижете се собната температура да биде оптимална, да не е премногу топла и да не ги чувате повеќе од една недела. Доколку имаат чуден мирис, веднаш фрлете ги.

Според „America Egg Board“ доколку јајцето е во лушпата, ќе биде безбедно да се јаде една недела по готвењето, додека излупените јајца треба да се јадат истиот ден. Не се препорачува замрзнување на варени јајца, без разлика дали се во или надвор од лушпата. Расипани јајца ќе ги препознаете многу лесно – по мирисот. Расипани варени јајца обично мирисаат силно на сулфур, што се опишува како мирис на расипани јајца. Ако не сте сигурни дали јајцето е оставено предолго, едноставно фрлете го. Не вреди да се ризикува, пишува CountryLiving.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП