Во Англија: Навивач кој расно навредувал играч казнет со девет месеци затвор

Фудбалски навивач кој навредувал играч врз расна основа за време на натпревар во Третата лига на Англија, осуден е на девет месеци затвор.

Рајан Фергусон (24) од Ливерпул се изјаснил како виновен за расно вознемирување затоа што го навредувал играчот на Форест грин, Џордон Гарик, кој е црнец. Инцидентот се случил минатиот април на домашниот натпревар на Форест против Флитвуд.

– Постапките на Фергусон беа гнасни и нешто што никој од нас не треба да доживее на фудбалски натпревар. Без разлика дали станува збор за навивачите, персоналот, полицијата или за играчите. Казната што беше изречена треба да послужи како повик за будење за сите навивачи кои мислат дека е прифатливо да се прекрши законот за време на натпреварите, рече Даглас Мекеј, главен национален обвинител за спорт.

Фергусон, исто така, призна дека не ги испочитувал наредбите и му се спротивставувал на полицаецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО