Ромарио се враќа на фудбалските терени на 58 години?!

од Симе Стоиков

Еден од најдобрите светски фудбалери во деведесетите, Бразилецот Ромарио, објави дека се враќа на фудбалските терени на 58 години?!

Бразилските медиуми објавија дека легендарниот голгетер и официјално е регистриран како играч на Клуб Америка, второлигаш од Рио де Жанеиро, чиј претседател е сега.

Доколку оваа вест се оствари, тоа ќе биде негово враќање на терените точно деценија и пол откако и официјално се повлече од фудбалските терени.

Ромарио ги закачи копачките во 2008 година, за една година подоцна да излезе од пензија и да одигра 20 минути за истата Америка, омилениот тим на неговиот покоен татко, во мечот со кој беа крунисани за шампиони во втората лига на Рио де Жанеиро.

За Америка играше и синот на Ромарио, Ромарињо.

Слични содржини