МАН до ЗНМ и ССНМ: Не би сакале да веруваме дека ги обучувате вашите членови да носат оружје со себе“!

МАН до ЗНМ и ССНМ: Не би сакале да веруваме дека ги обучувате вашите членови да носат оружје со себе“!

Македонската асоцијација на новинари (МАН) е непријатно изненадена од соопштението на ЗНМ и ССНМ, во кое упатуваат јавна поддршка за Фуркан Салиу кој извршил/учествувал во напад врз службени лица и кој носел оружје полно со муниција, а кого сакаат да го подведат во општествено одговорната и законски регулирана дејност – новинар и новинарство.

Во случајот со Фуркан Салиу, ЗНМ и ССНМ се преставија како парановинарски организации кои заштитуваат и промовираат вооружување на своите членови, вели МАН и додава:

– Наместо да упатат јавна осуда за однесувањето на Фуркан Салиу и фактот дека во своја близина носел оружје полно со муниција, ЗНМ и ССНМ го поддржуваат во својство на новинар. Уште позастрашувачки е фактот дека ЗНМ и ССНМ јавно го бранат Фуркан Салиу дека извршувал професионални обврски, како новинар. Дали ова значи дека ЗНМ и ССНМ имаат/ тренираат/ обучуваат паравоени, параполициски, паранавивачки формации во своите редови?
МАН понатаму прашува:

– Дали ова значи дека имаат вооружени членови чие однесување не може да се предвиди во ниеден момент, дури и кога треба да бидат проверени од државните институции? За што всушност ЗНМ и ССНМ одржуваат обуки за своите членови? За вежбање по стрелани, носење пиштоли со муниција, отпор кон проверки од државните органи? За што ги обучуваат своите членови?

Инцидентот со Фуркан Салиу е кривично-правен настан, смета МАН и додава дека единственото оружје на новинарите и сите медиумски работници е слободата на говорот и изразувањето.

Македонската асоцијација на новинари ги прашува ЗНМ и ССНМ зошто упорно шират лажни вести за да делуваат користољубиво за лични и предизборни партиски потреби, користејќи го Фуркан Салиу за наведените цели?

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста