Пендаровски: Држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес

Од:

Држава која преговара со Европската унија не смее да си дозволи лош изборен процес, порача претпладнево претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Откако гласаше на своето избирачко место, Пендаровски изјави дека очекува мирен изборен ден.

-Денес очекувам мирен изборен ден, мирен прв изборен круг. Се разбира така очекувам да биде и на 8 мај кога ќе имаме парламентарни и втор круг претседателски избори. Тоа е исклучително битно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите на овие претседателски избори, туку е исклучително битно за целата држава зашто држава која преговара со Европската унија не смее да си дозволи лош изборен процес, истакна Пендаровски.

Според него, државава како независна повеќе од 30 години, има поминато многу изборни циклуси.

-Се надевам, како минатиот пат, така и сега дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ