Отворена првата сензорна соба во средните училишта на Град Скопје

Се отвори првата сензорна собра во средното училиште на Град Скопје, „Здравко Цветковски“, информираат од канцеларијата на Град Скопје.

„Сензорните соби во рамките на средните училишта ќе им овозможат полесен и современ тек на образовниот процес на средношколците со попреченост. Град Скопје инвестира во активности и обука на стручни лица за реализација, со цел да се овозможи бенефит на сите граѓани на Скопје, а проектот продолжува со имплементација и во останатите образовни установи“, велат оттаму.