ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: БИТОЛА ЌЕ ГО ДОБИЕ СВОЈОТ ЗАСЛУЖЕН ЗАТВОРЕН БАЗЕН

Пред неколку години советникот Методија Илиевски најави дека Битола ќе добие затворен базен. Потоа се случи и камен теменикот за овој објект. Одредени проблеми ја одложија изградбата, потоа дојде пандемијата и економската криза.  Директорот на агенцијата за млади и спорт пред неколку месеци кажа дека работите таму продолжуваат, а викендов кога дојде во Битола, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека Битола ќе го добие базенот.

„Во тек е адаптација на една постоечка и изградба на една нова градинка, кои ги реализираме преку министерството за труд и социјална политика. Ја поддржавме замената на покриви, прозорци и фасади во повеќе училишта во градот, а преку агенцијата за млади и спорт во тек е изградба на затворен базен за потребите на учениците. Во Струга веќе го пуштивме, во Охрид е во финална фаза и Битола ќе го добие својот заслужен затворен базен за да имаат учениците каде да ги завршуваат своите физички активности.

Обезбедивме преку ИПА фондовите изградба на пречистителна станица за отпадни води, рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Битола. Особено сум горд и среќен што голем број компании и индивидуални земјоделци во Битола и регионот успеаа да добијат европски пари преку ИПАРД програмите и со тоа да го унапредат своето производство, да ги осовременат своите производствени процеси и да произведат повеќе, да продадат повеќе и да имаат повеќе.

Битола има конечно камерен оркестар и Битола конечно ја има реконструкцијата на киното Партизан.

Така се работи кога се сака за доброто на граѓаните“ рече Ковачевски.