Не е точно дека Украина нема црква

Фото: Принтскрин видео

Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната е Украинска православна црква (УПЦ) – Московска патријаршија, за која има обвинувања дека е поврзана со Москва, а другата е Православна црква на Украина (ПЦУ) која е признаена од државните власти.  Според резултатите од испитувањето Киевскиот интернационален институт за социологија, спроведено минатиот месец,  83 проценти од Украинците веруваат дека Украина треба да интервенира на некој начин во активностите на Украинската православна црква – Московска патријаршија 

Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната е Украинска православна црква (УПЦ) – Московска патријаршија, за која има обвинувања дека е поврзана со Москва, а другата е Православна црква на Украина (ПЦУ) која е признаена од државните власти.  Според резултатите од испитувањето Киевскиот интернационален институт за социологија, спроведено минатиот месец,  83 проценти од Украинците веруваат дека Украина треба да интервенира на некој начин во активностите на Украинската православна црква – Московска патријаршија 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и се вели:

Украина црква.. Таму веќе нема ниту црква ниту нормален народ. Благодарение на ЕУ и НАТО.

На видеото е прикажан инцидент во православен храм во кој неколку жени и свештеник се исфрлени од црквата. Вистиномер го пронајде видеото објавено од повеќе руски извори со опис дека станува збор за инцидент кој се случил меѓу православни верници на Цветници.

Станува збор за инцидент меѓу парохјаните, поради што дел од нив присилно се изнесени од црквата, како и свештеникот. Некои проруски извори тврдат дека дел од верниците обвиниле други верници за руска пропаганда, а потоа ги исфрлиле.

Но, не е точно наведеното во објавата што ја рецензираме дека „Украина нема црква и нормален народ благодарение на ЕУ и НАТО“. Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно. Но,  после руската воена инвазија врз Украина, се појави дивизија односно анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви, едната Украинска православна црква – Московска патријаршија (УПЦ) а другата Православна црква на Украина (ПЦУ).

Киев тврдеше дека едната од православните цркви во Украина, поточно  Украинската православна црква – Московска патријаршија (УПЦ) е директно поврзана и поддржана од Руската православна црква и затоа имаше подготвено нацрт закон за нејзина забрана, или пак да ѝ биде дозволена пререгистрација односно формирање на нова црква која нема да биде на ниеден начин поврзана со Руската православна црква и патријархот Кирил. 

Причината е во тоа што Руската православна црква ја поддржа руската воена инвазија врз Украина и официјално ја нарекува „специјална операција“. 

Руската православна црква дури и објави најнов документ во кој се наведува дека „специјалната воена операција е нова фаза од националната борба за слобода на Русите против криминалниот режим на Киев и колективниот Запад“.

Русите со оружје во рака ги бранат своите животи, слобода, територија, цивилизациски, религиозен и културен идентитет како и правото да живеат на своја земја во границите на една единствена руска држава. Од духовна и морална гледна точка, специјалната воена операција е Света Војна во која Русија и нејзиниот народ го бранат спиритуалниот простор и го бранат светот од нападот на глобализмот и победата на Западот, кој е паднат во сатанизам, пишува во овој документ објавен на официјалната страница на Руската православна црква.

Токму ваквите ставови на Руската православна црква, меѓу кои и наведениот декацелата територија на модерна Украина треба да влезе во ексклузивната зона и влијание на Русија“ и дека „можноста за политички режим непријателски настроен кон Русија и луѓето на Русија кој постои на таа територија мора да биде целосно исклучен“, е причина Украина да сака да се заштити од православна црква на својата територија која е пооврзана на Москва. Службата за безбедност на Украина поднела кривична пријава против 65 свештеници на УПЦ, санкции се изречени за 17 свештеници, додека на 19 архиереи им е одземено државјанството. 

Киевскиот интернационален институт за социологија во април 2024 година објави резултати од анкета спроведена на 1.220 испитаници кои живеат во сите региони на Украина освен Крим. Прашањата се однесуваат на тоа што мислат Украинците за тоа дали Владата на Украина треба да спроведе посебна политика за Украинската православна црква – Московска патријаршија. Според резултатите од испитувањето, 83 проценти од Украинците веруваат дека државата Украина треба да интервенира на некој начин во активностите на Украинската православна црква – Московска патријаршија. Поточно, 63 проценти од испитаниците сметаат дека оваа црква треба да биде целосно забранета во Украина, а 20 проценти се за помек пристап кој вклучува супервизија. Само 12 проценти од испитаниците сметаат дека ништо не треба да се прави со оваа црква, туку треба да се испитаат само поединечните инциденти.

Во сите региони на Украина мнозинството од населението е наклонето кон тоа да има проактивен државен пристап кон активностите на Украинската православна црква – Московска патријаршија, 82 проценти од испитаниците одговориле дека не ѝ веруваат на УПЦ. Оваа црква, според наведеното во истражувањето, не успева да ги убеди Украинците дека наводно не е зависна од лидерството на Моксовската патријаршија и дека стои на проукраински позиции.

Антон Хрушецки, директор на Киевскиот интернационален институт за социологија коментира:

Веќе може да се види дека рускиот непријател се обидува да ја дискредитира Украина надвор од границите поради наводното „прогонување на христијани“. Оваа тема е исклучително сензитивна за нашиот партнер САД. Како што можеме да видиме самите Украинци во Украина имаат несомнена перцепција за оваа црква и не ја сметаат оваа ситуација за „прогонување“. Но, јавноста во Западот ги нема сите детали за религиозната и политичката ситуација на Украина и лесно може да ги „проголта“ руските наративи, вели тој.

Пратеникот од опозицијата Микола Књажицки тврдеше дека не може да се остави црквата недопрена. Тој ја финансираше групата од правни експерти што го подготви нацрт-законот за забрана на  работата на УПЦ Московска патријаршија.

Украинските власти ја признаваат како легална  Православната црква на Украина (ПЦУ), која е различна.

Што се однесува на делот од објавата во кој се тврди дека НАТО и ЕУ се обвинуваат што во „Украина нема нормална црква и народ“, ова е целосна невистина и дел од прорускиот дезинформациски пропаганден наратив. Како што веќе наведовме, во Украина има цркви и тоа повеќе од една, а воената инвазија ја почна Русија врз Украина, сосема неиспровоцирано, што придонесе за проблеми, раздор и тензии во црквата. На видеото од објавата што ја рецензираме е само еден од тие инциденти, кои се бројни.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција