Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Пендаровски поразен во Центар, Карпош и Кисела Вода, единствено води во Крушево и Маврово и Ростуша

Во скопските општини Центар, Карпош и Кисела Вода, претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, со убедлива победа пред Стево Пендаровски.

Според последните податоци од Државната изборна комисија во Центар Давкова освои 40,02%, додека за Пендаровски гласале 32,57% од граѓаните.

Во Карпош, 41,49% за Силјановска, а 26,16% за Пендаровски.

Во Аеродром повеќе од двојно гласови освои Силјановска, односно 51.09% од гласовите, додека на контото на Пендаровски се слеаја 21,63% од гласовите.

Во општината Кисела Вода само 19,11 % гласале за Пендаровски, а Силјановска освоила 56,22% од гласовите.

Во општината Илинден огормна е разликата меѓу Силјановска и Пендаровски, таа освои 62,87% од гласовите, а за Пандаровски гласале само 11,46%.

За разлика од овие општини во Чаир најголем број гласови освоил Бујар Османи 40.53%, а Арбен Таравари 35,44%.

Едни од ретките општини каде Пендаровски овоил нешто повеќе гласови од Силјановска се Крушево и Маврово и Ростуша.

Во општината Центар Жупа, најголем број гласови освил Бујар Османи, а Пендаровски е за 11 проценти пред Силјановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе