Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски фудбалер и поранешен младински репрезентативец. Сашко е помлад брат на Горан Пандев.

Пандев својата професионална кариера ја започнал во Беласица, од каде во септември 2005 година се преселил во Динамо Загреб. Својот прв настап за хрватскиот гигант тој го имал на 14 октомври 2006 година, кога влегол како доцна замена од клупата за резервни играчи во победата на Динамо Загреб над Вартекс од 4–1. На 9 декември 2006 година тој го постигнал својот прв гол во дресот на „сините“ во победата од 3–2 над Меѓимурје во натпревар од првата лига на Хрватска. Една недела претходно, во победата на Динамо Загреб над градскиот ривал Загреб, Пандев бил асистент на двата гола на својот клуб во победата од 2–1.


Среќен роденден Сашко, ти посакува редакцијата на Екран.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …