Финансии / Банкарство
НАМАЛЕНА ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ НА ЛУКСУЗНИТЕ БРЕНДОВИ, американската берза со раст во понeделникот
24.09.2024
Европските акции на компаниите за луксузни производи се намалија на вчерашното тргување поради лошите прогнози за потрошувачката, посебно меѓу кинеските купувачи. Германскиот Hugo Boss имаше најслабо тргување вчера до пладне од компаниите кои го сочинуваат индексот Stoxx 600, со пад од 4 отсто.
- По врвот на потрошувачката по Ковид-19 во 2022 година, приходите на луксузниот сектор постепено забавува. Американските потрошувачи брзо се вратија на пазарот, а потоа и купувачите од другите поголеми пазари. Сега, поддршката од кинеските потрошувачи слабее и сите пазари се под притисок. Во сите европски луксузни компании се очекува пад на приходите од 1 отсто во 2024 година, проценуваат аналитичарите од BofA Securities.
Акциите на британскиот Burberry се намалија за 3% , а францускиот LVMH во понеделникот падна за 0,24%, достигнувајќи ја најниското ниво од јули 2022 , Kering падна за 1,7%, а Hermes за 0,26%.
Индексот Stoxx Europe Luxury 10, кој ги следи најзначајните фирми во „луксузниот“ сектор се задржа на истотот ниво, но во последната година се намали за 3,82%.
Вчера индексот S&P 500 на тргувањето на американската берза ја зголеми вредноста, поради позитивниот импулс од минатонеделното намалување на каматните стапки од ФЕД. Индексот на широкиот пазар додаде 0,29%, а Nasdaq Composite се зголеми за 0,18 отсто. Dow Jones Industrial Average додаде 67 бодови или 0,16 отсто, објави „Сеебиз“.
фото freepic