Македонија

ФЗО најави и генерален штрајк, кажаа што ќе го спречи овој потег и дадоа рокови

Вработените во Фондот за здравствено осигурување излегоа на протест. Претседателот на синдикалната организација, Бранко Аџигогов, кажа дека протестот е предупредувачки против Управниот одбор на ФЗО, бидејќи точката за усогласување на платите со Законот за минимална плата е одложена на неодредено време, за после изборите. Тој кажа дека побарале да им се усогласат платите.

„Со оглед дека самите најавиле дека до формирање на нова Влада немаат во план да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто постои Управниот одбор, би било поетички да си отидат и да се изберат нов. Ако ова до 15 мај не се реши, ние ќе имаме предупредувачки протести во сите градови. Ако на 1.06 не се реши прашањето, тогаш, стапуваме во генерален штрајк“, рече Аџигогов.

Тој објасни дека бараат: „усогласување на платите со миниманата, носењето на вредносен бод, разрешување на цел Управен одбор“.

„Немаме образложение и не знаеме зошто ова се случи. По толкав штрајк на вработените во ФЗО, а ние сме втора најголема синдикална организација во државната управа, едноставно ова го сфаќаме дека не им е грижа“, додаде Аџигогов.

На почеток