Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета на Албанија
- По покана на претседател Бајрам Бегај, во официјална посета на Албанија престојува неговиот словачки колега Петер Пелегрини, што е прва посета на претседател на Словачка на Албанија.

Тирана, 28 март 2025 (МИА) – По покана на претседател Бајрам Бегај, во официјална посета на Албанија престојува неговиот словачки колега Петер Пелегрини, што е прва посета на претседател на Словачка на Албанија.
По пречекот со сите државнички почести двајцата претседатели, имаа тет-а-тет средба, по што одржаа заедничка прес-конференција.
Пелегрини изјави дека неговата посета на Албанија е историска за односите меѓу две земји, при тоа ги пофали достигнувањата на Албанија и спроведените реформи и ја потврди „непоколебливата поддршка на Словачка за Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ“.
-Што се однесува до проширувањето на ЕУ, Република Словачка е силен застапник и поддржувач на Албанија во процесот на интеграција, подобрувањето на работите со текот на годините, бидејќи земјите од Западен Балкан треба да бидат членки на ЕУ, ќе и помогнеме на Албанија.
Имаме искрени односи за одбраната. За билатералните односи очекувам да ја зголемиме соработката. Овие посети ќе ја зголемат и зајакнат нашата соработка, рече меѓу другото Пелегрини, објавија медиумите.
Шефот на албанската држава изјави дека неговата земја има за цел да стане дел од ЕУ до 2030 година, високо оценувајќи ја улогата што Словачка што ја одиграла во процесот на интеграција на Албанија.
-Словачка обезбеди експертиза за нашиот процес во ЕУ. Ние сме оптимисти за отворање на сите групни поглавја во текот на оваа година. Наша цел е да се приклучиме на земјата во ЕУ до 2030 година. Интеграцијата во ЕУ не може да се подразбира или да се разбере без регионална соработка. Албанија продолжува да игра важна улога во регионалната стабилност и го поддржува евроатлантскиот пат на Косово, рече тој.
Додаде дека побарал од Словачка да ја преиспита својата позиција во однос на Косово, бидејќи оваа земја членка на ЕУ сè уште не ја признала неговата независност.
На средбата, според Бегај, разговарале за зголемувањето и проширувањето на економската соработка и проширувањето на трговските врски меѓу двете земји, каде „иако има раст, тој сепак останува на скромно ниво“. вт
Фото: принтскрин