Нетанјаху сака брзо одобрување од владата за планираниот напад во Рафах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака брзо одобрување од владата на плановите за контроверзната воена офанзива врз јужниот крајбрежен град Рафах и покрај разговорите за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Натанјаху ќе ја свика владата, можеби веќе в недела, за да го одобри оперативниот план, објави тој во саботата вечерта на X. Планот ќе вклучува принудно отстранување на цивилното население.

Напредувањето на израелската армија кон Рафах, најјужниот град во Појасот Газа во непосредна близина на гранциата со Египет, се смета за многу проблематично бидејќи сега таму, во градот кој до пред војната имаше околу 300.000 жители, се сместени околу 1,5 милиони Палестинци, или повеќето од половината од вкупното 2,4 милионско население на енклавата. Повеќето од нив избегале од војната од другите делови на тој крајбрежен простор.

Во Рафах тие живеат во мизерни услови, најчесто во шатори или на улица, со голема оскудица од храна, вода за пиење и лекови. Нивната евакуација изгледа тешко изводливам бидејќи другите делови на Појасот Газа се целосно уништени или воопшто ја немаат потребната инфраструктура за сместување на толку голем број луѓе.

Планираната израелска воена офанзива во Рафах е силно критикувана на меѓународно ниво, дури и најголемите сојузници како САД го повикуваат Израел на воздржаност.

Премеиеот Нетанјаху се осврна и на преговорите за привремен прекин на огнот во војната против палестинската милитантна група Хамас и ослободување на заложниците. Во петокот тој испрати делегација во Париз на индиректни преговори. Напиша дека владата сака да ги разгледа следните чекори во преговарачкиот процес. Израелските претставници претходно во саботата изјавија дека има уште долг пат до постигнување договор.

Околу 130 заложници сè уште ги држи Хамас, кој заедно со другите екстремистички групи започна напад во јужен Израел на 7-ми октомври, при што загинаа 1.200 луѓе, а според израелската влада, киднапирајќи приближно 240 кои се однесени во Појасот Газа. Како одмазда, Израел израел подоцна истиот ден започна масивна офанзива од воздух и море, а подоцна и копнена, во која се разорени огромни делови од Појасот Газа, поголем дел од населението е присилно раселено, а околу 30.000 Палестинци, од кои најмалку третина се деца, се убиени.

Само комбинација од воен притисок и цврсти преговори ќе доведат до ослободување на нашите заложници, елиминација на Хамас и постигнување на сите воени цели, рече Нетанјаху.