Чиста десетка: Делија со екстра-кореографија – ликот на Синиша Михајловиќ

Денешниот дуел во Белград меѓу Црвена Звезда и Војводина минува целосно во знакот на Синиша Михајловиќ, починатата српска фудбалска ѕвезда која воиграчката кариера настапуваше за овие два клуба.

„Црвено-белите“ објавија дека една од трибините на стадионот во иднина ќе го носи името Синиша Михајловиќ, а најверните навивачи, популарните „Делије“, се истакнаа со извонредна кореографија, креирајќи го на својата трибина ликот на Михајловиќ.

Под кореографијата стоеше транспарент Михајловиќ во вечност…

Се вчитува...