Општина Аеродром одбележа 19 години постоење

1016

Во духот на младоста и радоста, со повеќе настани, спортски и музички активности, денес се одбележа 19. роденден на Општина Аеродром.

Од општината информираа дека учество земале учениците од основните училишта и детските градинки, кои како што велат уште еднаш покажале дека Аеродром е најубавата, најурбана и спортска средина која аеродромци се учат да ја чуваат уште од најмали нозе.

-Во рамките на активностите, утрово повеќе ученици трчаа низ сите основни училишта, собирајќи пораки со желби за поубава, позелена и почиста општина, кои на крајот беа гости во Општина Аеродром и на градоначалникот, Тимчо Муцунски.

Тој, пред присутните на централниот настан во СЦ „Марко Божиновски“, се заблагодари на сите кои учествуваа во активностите и го направија овој ден посебен, потенцирајќи дека желбите на најмладите ќе останат највисоко во приоритетите на Општина Аеродром.