Лото победа за Беса над Тетекс, Осогово и Саса победија, Караорман нов третолигаш!

фото: М Нет-ТВ

Во рамки на 28. коло од Втората лига, имавте можност да го следите дуелот од Кочани меѓу Осогово и Скопје на телевизија М Нет во ексклузивен директен пренос.

Осогово дојде до многу важна и голема победа над Скопје од 2:1 преку пресврт, а гостинскиот тим остана со играл помалку на теренот, а тоа го искористи домаќинот.

На Градски во Кочани ланскиот прволигаш преку Попоски дојде прв до водство од 0:1. Во вториот дел Тоше Манов со два гола ги постави конечните 2:1.

На СРЦ “Билјанини Извори” Охрид прв стигна до водство, откако Филип Димоски ја стресе мрежата на радовишкиот тим за 1:0.

По жестоката реакција на тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски кон главниот судија Игор Стојчевски, доби жолт картон, а неговиот помошник Драги Коцев заработи директен црвен картон.

Потоа, за домашниот тим беше досуден пенал, а Наумче Бакрачески погоди од белата точка за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Бакрачески со втор гол од пенал зголеми на 3:0, а пак Лука Трајковски од пенал намали на конечните 3:1.

Каменица Саса со минимални 1:0 го доби Кожуф дома со голот на Александар Смилков во тешката борба за опстанок.

Новаци со убедливи 6:0 го декласираше Караорман на домашен терен. Стрелци беа Стефановски и Стојчев, а двојни стрелци беа Трифуновски и Јовановски.

Беласица и Вардар Неготино одиграа реми без голови (0:0).

Победа дома загуби од Арсими со 0:3, а стрелци беа Асани, Рамадани и Бајрами.

Лидерот Беса против Тетекс се “испука” за лото победа од 0:7. Скендери, Белули и Хамза постигнаа по еден гол, а двојни стрелци беа Гаши и Назифи.

Башкими со 2:1 загуби од Пелистер на домашен терен. Емурли погоди за 1:0, а Талески за 1:1. Во вториот дел Благоја Љамчевски ги постави конечните 1:2.

Александар Ванев, М-Нет