Ла лига: Алмерија со најдолг старт без победа во сезона

Алмерија ремизираше синоќа против Атлетик Билбао, 0:0, домашен терен, со што постави рекорд за најдолг старт без победа во сезона во Ла лига. На 24 меча сезонава Алмерија забележа седум ремија и 17 порази, со гол разлика 22:59, по што и натаму е цврсто на дното на табелата.

Со тоа реми Алмерија го израмни и неславниот рекорд на Леванте од 27 натпревари без победа по ред во Ла лига што се протегаше во сезоните 2020/21 и 2021/22. Лошата серија на Алмерија вклучува и натпревари од крајот на претходната сезона.

Англискиот Дерби каунти го држи рекордот за најлоша сезона во историјата на петте најголеми лиги во Европа со само 11 освоени поени во Премиер лигата во сезоната 2007/08.

Неславни рекордери по бројот на освоени поени во преостанатите пет најевропски лиги се: Спортинг Хихон во шпанската Ла лига, 13 бода во сезоната 1997/98, Шалке во германската Бундеслига, 16, сезона 2020/21, Ленс во француската Лига1, 17, сезона 1988/89 и Пескара во италијанската Серија А, 19, сезона 2016/17.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО