Рубљов испиша историја: Прв тенисер кој победил и во сингл и во дубл на турнирот во Мадрид

Рускиот тенисер, Андреј Рубљов испиша историја во Мадрид, откако стана првиот кој успеа да победи и во сингл и во дубл на турнирот во главниот град на Шпанија. Рубљов минатата година заедно со сонародникот Хачанов го кренаа трофејот во конкуренција на двојки, а вечерва успеа да победи и во поединечна конкуренција, откако после три часа борба и со пресврт славеше над Феликс Оже-Алијасим од Канада со 2-1.

Канаѓанецот го доби првиот сет со 6-4, но следните два сета му припаднаа на Рубљов со идентични 7-5, доволно за освојување на Мастер 1000 турнирот во Мадрид.

Русинот на турнирот дојде како осми тенисер на светот, но сега ќе напредува до шесттата позиција и ќе се доближи до неговиот најдобар пласман во кариерата, петтото место од септември 2021-вата година.

Оже Алијасим ќе има голем напредок, со оглед на тоа дека ќе скокне од 35-тата на 20-тата позиција на АТП ранг-листата.

- Оглас -

Најнови вести