УЕФА објави кои предмети се забранети на ЕВРО 2024: Овошје, храна, електронски цигари…

УЕФА ќе им забрани на навивачите да внесуваат овошје на стадионите на ЕВРО 2024 година, пишува „Гардијан“.

На големиот фудбалски собир кој почнува на 14 јуни во Германија, нема да бидат дозволени течности, секаков вид на пијалоци, електронски цигари и други цигари, секоја храна вклучувајќи и овошје како банани, јаболка, портокали.

Германските власти исто така соопштија дека безбедносните тимови на сите 10 стадиони ќе ги претресуваат гледачите пред секој натпревар и ќе ги собираат забранетите предмети.

Казните за прекршување на овие правила се од моментално протерување од стадионот, до забрана за присуство низ целата кампања.

И покрај тоа што марихуаната беше легализирана пред извесно време, сепак, УЕФА нема да биде дозволена на стадионите. Исто така Германија ќе забрани внесувње на мегафони и вувузели, кои беа популарни од Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година.

Се вчитува...