Дамјан Стојановски пак ќе игра за Македонија, се подготвува деби на нов Американец!

t

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, денеска го објави поширокиот список кандидати за претстојниот старт на квалификациите за ЕП 2025, на кој по две ипол годишна пауза се најде ветеранот Дамјан Стојановски, како и нашиот нов Американец, Итан Хап.

Капитенот на МЗТ Скопје последниот меч во жолто-црвениот дрес го одигра во ноември 2021 година, по што реши да ги прескокнува репрезентативните акции со цел да се посвети на подобрување на здравјето со оглед на двете тешки операции што ги имаше во кариерата. Шансата по десет години пак да се најдеме на еден европски собир беше доволна провокација за големиот борец да прифати уште еднаш да настапи за националниот тим со цел да ѝ помогне во можеби клучниот меч – дома против Естонија. Оваа средба е закажана за 23 февруари во „СРЦ Кале“, додека три дена подоцна ќе ѝ гостуваме на Полска.

Ново име на списокот на Јончевски е и Американецот Итан Хап, кој настапува за шпанска Гран Канарија, кој иако подолг период има македонско државјанство досега не бил ангажиран во избраната селекција. Станува збор за исклучително квалитетен центар, кој овој пат речиси сигурно ќе ја добие шансата за деби, без разлика на одличните игри на неговиот сонародник, Ти-Џеј Шортс. Причина за ваквата промена е што се очекува враќање на Ненад Димитријевиќ во репрезентацијата (ако во меѓувреме нешто непредвидено не се случи како во претходните акции), кој е идентичен профил на кошаркар како и црномурестиот плејмејкер, кој беше најзаслужен што Македонија успешно ги мина претквалификациите за ЕП 2025.

Останатите имиња се добро познати и очекувани. Подготовките ќе почнат веднаш по завршување на завршниот турнир од Купот на Македонија, закажан за периодот помеѓу 15 и 17 февруари во Битола.

ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА СЕЛЕКТОРОТ ЈОНЧЕВСКИ: Ненад Димитријевиќ (Уникс Казан), Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Марин Петков, Марко Миловановиќ (МЗТ Скопје), Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Амар Хот (Пелистер), Адем Мекиќ (Задар), Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски, Бобан Стајиќ, Андреј Шошкиќ (Работнички), Теодор Симиќ (Борац Бања Лука), Кристијан Николов (Капакли Спор), Лејсон Зеќири (Башкими), Резард Мемед (КБ Или), Андреј Митревски (Феникс), Виктор Ташовски (ТФТ), Ти-Џеј Шортс (Париз), Итан Хап (Гран Канарија).

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го обвини Бајден дека раководел со…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини…

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите…

„Иднината на Македонија е во Европската Унија,…

(Видео) Венко Филипче и Благој Бочварски возеа…

Венко Филипче и Благој Бочварски возеа по…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…