Кинескиот претседател Си Џинпинг утре ќе престојува во Белград, ќе го пречекаат српски ловци МиГ-29

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре доаѓа во официјална посета на Белград, за неговото доаѓање се преземени големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.

Си ќе го пречекаат српските ловци МиГ-29 кои ќе го следат неговиот авион од границата, а на аеродромот во Белград во негова чест ќе биде построена стража на Војската на Србија.

Покрај автопатот во Белград ќе бидат поставени кинески и српски знамиња, а пред Палатата Србија ќе биде организиран и свечен пречек на кинеската делегација, броена од 400 луѓе, а предвидено е да се потпишат повеќе од 30 договори.

Ќе биде организиран и свечен ручек, а кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.

Домаќин на кинескиот претседател ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Бајден го нарече својот кинески колега Џинпинг „диктатор“

Лажна е фотографијата на која Путин е клекнат пред кинескиот претседател

Предраг Петровиќ

Кинескиот претседател пристигна кај Путин со бесна кола: Шестметарското чудовиште во кое се вози, носи и познато име

Предраг Петровиќ

Кси до Путин: Благодарение на силното лидерство, Русија постигна значителен напредок

Кина ја продолжува координацијата и комуникацијата со ЕУ

Горан Наумовски

Трет мандат за Кси Џинпинг како лидер на кинеската Комунистичка партија

Горан Наумовски