Во сабота нема прволигашки фудбал, сите натпревари ќе се играат во недела!

фото: М Нет-ТВ

Оваа сабота нема да има прволигашки фудбал, сите натпревари од 29. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат во недела со почеток од 16 часот.

Во Турново на „Кукуш“ ќе се соочат Брера Струмица и Вардар, во Охрид ќе играат Воска Спорт и Брегалница од Штип.

На Арената во Скопје ќе се одигра Градското дерби меѓу Работнички и Македонија ЃП, Шкупи ќе го пречека Тиквеш на Чаир во обид да му се „одмазди“ за елиминацијата во Купот, а пак Шкендија и Гостивар ќе играат дерби во Тетово.

Александар Ванев, М-Нет