Вести Македонија Топ вести

(видео)Арсовска – Еден месец по почетокот, Универзална се запали, треба да ни биде јасно зошто

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска посочи дека сите нерегуларности за реконструкцијата на Универзална сала кои ги посочиле уште во 2022 година, со пожарот се покажале како точни. Таа обвини дека салата се реконструира без мислење за стабилност и сеизмичка заштита, и оти со овој проект изградбата не може да биде безбедна.

Арсовска вели дека во однос на пожарот има многу неодговорени прашања кои надлежните институции ќе треба што побрзо да ги одговорат. Кога по две години увидоа дека по тој проект не може да се гради, изби пожар, само еден месец откако почнаа со работите, обвини таа.

Истрагата треба да ги даде причините за пожарот. Во Обвинителството велат дека и денеска имало увидни дејствија на терен.

Изведувачот соопшти дека изгореле стари иверици и дел од старата сала.

Прашање и зошто дел од шутот стоел внатре, наместо како што е наложено во техничката документација за реконструкцијата, да биде однесен од Универзална сала.

  • Извадок од техничката документација за реконструкција: Сиот шут кој што во договор со инвеститорот и со надзорниот инженер ќе оди надвор од објектот, ќе биде транспортиран до овластена депонија. За позициите (со бетон) изведувачот се обврзува да работи со специјализирани машини за сечење бетон за да се елиминира растресувањето на постојната бетонска конструкција. Така исечените елементи можат понатака да се дробат на помали парчиња за исфрлање како шут.

Сопственикот на фирмата која ја изведува реконструкцијата, три дена по пожарот тврди дека речиси се е изнесено и однесено на планирана локација за отпадот. На почетокот на реконструкцијата биле однесени и трафостаницата и резервоарот за нафта.

Допрва треба да се утврдува штетата која ја предизвикал пожарот врз новата конструкција, по што ќе се знае дали реконструкцијата може брзо да продолжи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски од Неготино: Со граѓаните ќе ја внесеме земјата и во ЕУ и од тоа нема да се откажеме

Дејан Дејан

Силјановска: Првиот натпревар го добивме, а вториот ќе биде уште поуспешен

Дејан Дејан

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе