ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА БЕСПЛАТНИОТ ОПШТИНСКИ ПРОСТОР ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ

Битола постепено наликува на место кадешто кандидати се претставуваат на билборди, односно местата што ги определува локалната самоуправа како места за оваа намена.

Тоа од последната седница е и правно регулирано, преку одлкуката којашто советниците ја донесоа на последната седница.

Со оваа одлука за утврдување и обележување на места за истакнување на изборни плакати за претстојните претседателски и парламентарни избори се обезбедуваат еднакви услови за сите организатори на изборна кампања.

На утврдените места, околу дваесеттина низ градот организаторите на изборната кампања може да поставуваат свои подвижни паноа со залепени плакати распоредени во линија , ама под услов да не го попречува видикот кон другите паноа на другите учесници во изборите.

Изборни плакати може да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, но со претходна согласност на сопствениците.  По селата на општина Битола може да се лепат постери без надоместок на површини погодни за лепење, но и за ова е потребна посебна согласност од сопствениците.

Не е дозволено да се истакнуваат постери на гласачките места и на објектите кои се поврзани со изборните места, одбори и комисии.  Не се дозволува лепење плакати на објекти и фасади под заштита, односно на културно-историски споменици, спомен обележја и бисти, телефонски и електрични кабли, како и на столбови од светлосна сигнализација-семафори.

Советниците на последната седница ја изгласаа одлуката која предвидува и дополнителни места за истакнување на изборни плакати со надоместок, кои се утврдуваат врз основа на барање од организаторот на изборната кампања по претходна согласност на Одделението за комунални работи и уредување на градежното земјиште.

Спроведувањето на одлуката подлежи на надзор што го врши Општинскиот инспекторат, а непридржувањето кон утврдените места и определените услови повлекува казна за сторен прекршок според казните определени со Изборниот законик.

И, во тридецениската демократија во државата, веќе е позната последната регулирана норма , а тоа е дека организаторите на изборната кампања имаат еден месец по завршувањетона изборите да ги отстранат сите свои изборни паноа, плакати, постери и друг рекламен материјал.