Тим Арена со два порази останува во Првата Б лига, Патриот е нов член на Првата А лига

Екипите на Пробаскет од Кавадарци и на Патриот од Делчево ќе бидат дел од плеј-офот за шампиоската титула. Ова откако двете екипи излегоа како победници во бараж-дуелите со своите ривали, екипите на штипска Тим Арена и Струга.

Ова значи дека екипата од Делчево ќе биде нов член на Првата А лига, а пак Пробаскет обезбеди опстанок во елитата. Што се однесува до Тим Арена, штипските кошаркарски и следната сезона ќе бидат во Првата Б лига, а Струга од Првата А лига се сели во Првата Б лига.

Штипјанки ги загубија двата натпревари со Пробаскет, откако во Кавадарци беа поразени со високи и убедливи 76:42, во Штип беа поразени исто така со висок резултат односно 65:87.

Патриот славеше и на двата натпревари против Струга. На првиот меч со тесни 56:58, а пак дома со 76:56.

Во плеј-офот односно четвртфиналето лидерот во Првата А лига екипата на Баскет Кам ќе игра против Патриот, Вардар со Пробаскет, Куманово Гризли со Бадел, а пак МЗТ Скопје Аеродром против Крива Паланка.

Првите натпревари се закажни за 20. април, а вторите четири дена подоцна.

Александар Ванев, М-Нет