Баерн со прст во уста: Нагелсман и официјално повторно потпиша со Германија

од Vladimir Zorba

Селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман го продолжи договорот за да остане на оваа функција најмалку до Светското првенство во 2026 година, соопшти Германскиот фудбалски сојуз.

„Тоа е одлука од срце. За мене е голема чест да бидам селектор на репрезентацијата“, изјави Нагелсман.

Нагелсман есента стана селектор на репрезентацијата со договор до крајот на Европското првенство.

На Баерн му треба нов тренер на лето, откако наследникот на Нагелсман, Томас Тухел треба да си замине на крајот на договорот.

Во клубот нема да дојдат Јирген Клоп и Чаби Алонсо, а сега тоа го направи и Нагелсман.

Слични содржини