Шоу на Карагер, пијан го водеше интервјуто со ѕвездата на Борусија (Видео)

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, кој сега работи како стручен аналитичар за телевизијата Си-би-ес спорт, направи шоу во микс зоната по мечот меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ бидејќи пијан го водеше интервјуто со фудбалерот на Милионерите, Џејдон Санчо.

Иако Карагер досега во емисијата беше стручен аналитичар, тој фасциниран од навивачите на Борусија Дортмунд и трибината на која се домашните фанови „жолтиот ѕид“, одлучи за дуелот меѓу Милионерите и Светците да биде репортер и да извесува од стадионот.

Карагер мечот го следеше токму од „жолтиот ѕид“ каде испи дури осум пива и заедно со легендарниот голман Петер Шмајхел, направи интервју со Санчо кое стана хит на социјалните мрежи.

 

„Дали си доволно трезен за да го направиш интервјуто“, го праша водителката од студиото, Кејт Абдо.

„Добро прашање, не сум јадел премногу. Си земав еден чизбургер околу 2.30 часот кога пристигнав во хотелот. Тоа е добро објаснување зошто вака зборувам. Испив околу осум пива на „жолтиот ѕид“, имам нови пријатели и ново семејство“, одговори Карагер.

 

На крајот на интервјуто, кога заврши официјалниот дел, Карагер повторно зборуваше за „жолтиот ѕид“ и дека навивачите на Борусија го честеле пиво, па потоа го запраша Санчо:
„Ако се пласираш во финалето, може ли заедно на „жолтиот ѕид“ да испиеме неколку пива“.
Фудбалерот му одговори дека не пие.

Но, тоа не беше се од шоуто на Карагер, тој потоа се обиде да го натера Петер Шмајхел, заедно на „жолтиот ѕид“ да ја пеат химната на Борусија која е и химна на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести