Студено утро во Македонија – на Попова Шапка и Лазарополе -2 степени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Студено утро во Македонија.

Најниска температура е измерена на Попова Шапка и Лазарополе, -2 степени.

По нив следува и 0 степени во Берово и Маврови Анови, 1 степен во Крушево, 2 во Крива Паланка, 3 во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, 4 во Битола, Прилеп, Струмица, 5 во Тетово, Куманово, Скопје-Зајчев-Рид, Велес, Штип, Демир Капија, Виница, Кавадарци, 7 во Гевгелија.

Времето денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.