Локалната патна мрежа во 65 општини во Македонија, вклучително и Градот Скопје во вкупна должина од 173 километри, се обновени во рамки на Проектот на Министерството за транспорт и врски за поврзување локални патишта, а кој се реализира со финансиска поддршка од Светска банка со вкупна вредност од 70 милиони евра.

По завршувањето на парламентарните избори, Проектот продолжува според планираната динамика и во јуни Министерството за транспорт и врски ќе распише јавни повици за реконструкција на уште 70 локални улици во вкупна должина од 450 километри, а за кои 85 општини и Град Скопје доставија проекти и аплицираа за средства.  

Рехабилитација и доизградба е направена и на други четири патни правци кон граничните премини со средства од Министерството за транспорт и врски.

Станува збор за патниот правец Деве Баир-Крива Паланка, потоа патот од Битола кон Меџитлија, патниот правец Скопје – Блаце, како и патниот правец од Подмоље кон Струга и Ќафасан.

Последнава година акцентот е ставен на изградба на автопатишта од коридорите 8 и 10д, при што работите им се доверени на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Новина во градбата на овие коридори е во тоа што за прв пат кај нас се градат по теркот на т.н. „црвен фидиг“ или во превод „клуч на рака“, каде што изведувачот сам ја дефинира трасата, ја проектира и ја гради. Изградбата на коридорите 8 и 10-д, според проценките, ќе чини 1,3 милијарди евра.

Во моментов се градат и два нови експресни патишта во должина од 50 километри.

(С.Бл.)