• вторник, 14 мај 2024

Џејмс: Престанав да ја следам табелата, се концентрирам на секој конкретен натпревар

Џејмс: Престанав да ја следам табелата, се концентрирам на секој конкретен натпревар

Лос Анџелес, 25 март 2024 (МИА) – Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс проговори за својот пристап во последниот дел од НБА-сезоната.

Според лидерот на Лејкерс, тој ретко гледа во пласманот на Западната конференција, каде што се води жестока битка за влез во плејофот и плејинот.

- Пред околу неколку недели престанав да ја следам табелата. Се концентрирам на секој конкретен натпревар. Знаеме дека сега добивме добар ритам, играме добра кошарка и сакаме да продолжиме во истиот дух. Претстои период на тешки натпревари. Не се сеќавам да ми се случило вакво нешто порано во кариерата, изјави Џејмс.

Лејкерси ќе имаат шест натпревари по ред на гости против екипи од Источната конференција.

Во моментов тимот на Лос Анџелес лејкерс се наоѓа на 9. место во поредокот на Западната конференција со биланс 39 победи и 32 пораза. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан