Ромелу Лукаку следната сезона ќе игра за Наполи?

Ромелу Лукаку по три сезони минати во Интер и една во Рома, следно би можел да се појави на терените во Серија А во дресот на Наполи. И тоа не како позајмен играч од Челси, што беше случај во претходните две сезони, туку како фудбалер под договор со клубот од Неапол, откако во спротивна насока ќе замине Виктор Осимен.

Италијанските медиуми најавуваат дека 25-годишниот Нигериец следното лето би можел да го засили Челси во трансфер вреден меѓу 80 и 90 милиони евра и дека Лукаку ќе послужи како своевидна „доплата“ во таа „зделка“.

Пред речиси три години, Челси плати 110 милиони евра на Интер за да го врати Лукаку, но таа зделка се покажа како целосно промашување, па Белгиецот беше вратен во Италија прво на позајмица во Интер, а потоа и Рома за која се уште настапува.

Сезонава постигна 16 гола со четири асистенции на 29 натпревари за „волчицата“ која со него стигна до полуфиналето на Лига Европа и двомеч со Баер Леверкузен.

Се вчитува...