ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕЗЕНТИРАНА ИЗЛОЖБАТА „БОЖУРИ“ ВО ПРИЛЕП

Изложбата на дигитални фотографии “Божури” од Милан Темелкоски беше презентирана во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”во Прилеп.  Авторот се претстави со 23 фотографии, на кои е претставено цвеќето божур.

Божурите се снимени на Плаошник, Охрид во 2010 година. Фотографиите во боја се постари. Инспирација била слика од уметникот Кирил Гегоски, која носи наслов “Божури”, изработена 1993 година.

„Божурите ме поттикнаа и ги реализирав фотографиите“ , вели Темелкоски.

За него фотографирањето  е да се забележи моментот. Темелкоски се занимава со фотографија од 1980 година. Оттогаш досега е негов личен печат.  Многу години работел како документатор и создавал фотографии. Имал различни типови на фотографии: црно бели, помалку со колор, различни мотиви, како Марковите кули, чудата на природата, антропоморфни форми. Има и документарни портрети.

„Од втора-трета година во гимназијата, како аматер во театарот, работев портрети на театарски луѓе. И, тука, инспирацијата дојде од Гегоски, кој црташе на тркалезните маси. Тогаш си реков зошто да не го земам апаратот и да фотографирам портрети. Продолжив години да овековечувам луѓе од театарот. Дел се презентирани на изложб и дел не се“, додава Темелкоски, кој досега имал неколку изложби на фотографии.