Search

Најдобрата риба за одлично здравје на срцето, според кардиолозите

Бројот на смртни случаи од кардиоваскуларни болести скокнаа на глобално ниво од 12,1 милиони во 1990 година на 20,5 милиони во 2021 година, според извештајот на Светската федерација за срце (WHF) од мај 2023 година.

Иако бројката е прилично застрашувачка, за среќа, многу од овие состојби може да се спречат или барем да се контролираат со здрав начин на живот: вежбање, управување со стресот, избегнување пушење и пиење алкохол и уживање во здрава, урамнотежена исхрана. Општата содржина на здравата исхрана за срцето обично вклучува лиснат зеленчук, мешунки, јаткасти плодови, маслиново масло, бобинки и риба.

„Консумацијата на риба е дел од добро познатата, глобално прифатена традиционална медитеранска исхрана. Во неколку опсервациски студии се покажа дека усвојувањето на оваа диета е поврзана со намалена стапка на смртност од кардиоваскуларни болести“, вели кардиологот д-р Мустали Дохадвала за Парада.

Омега-3 масните киселини во лососот го намалуваат ризикот од аритмии


Сепак, според кардиолозите, еден вид риба особено се издвојува по придобивките за здравјето на срцето – лососот. Тие тврдат дека оваа риба е најздрава за срцето благодарение на високото ниво на омега-3 масни киселини, а самите ја јадат неколку пати неделно.

„Докажано е дека омега-3 масните киселини го намалуваат нивото на триглицериди, го намалуваат васкуларното воспаление и го намалуваат ризикот од аритмии“, вели кардиологот д-р Бредли Сервер.

Конечно, д-р Дохадвала заклучува: “Истражувањето покажа дека јадењето риба четири пати неделно или повеќе може да го намали ризикот од срцев удар. Дури и само две порции риба неделно може да го намалат ризикот од смрт кај луѓето на кои веќе им се дијагностицирани кардиоваскуларни болести. “

Најново

Последни колумни